Во петокот, на 14.07.2017 година се состана Претседателството на СИЕР. Седницата со која претседавеше претседателот Пецо Ристески работеше по следниот дневен ред:

-       Информација за соствојбите поврзанис со случувањата во ССМ;

-       Информација за покренати постапки и релации со новата Влада на РМ;

- Осврт по заклучоците од претходните седници на Претседателството и Советот на СИЕР

-       Тековни прашања.

Членовите на Претседателството беа детално запознати со сите постапки (судски и останати, домашни и меѓународни) што се водат во врска со исклучувањето на СИЕР и останатите синдикати од членство во ССМ и очекуваните резултати.

 

Исто така, членовите на Претседателството беа запознати со остварените контакти и соработка со новата Влада на РМ, почнувајќи од претседателот и потпретседателите на Владата, како и ресорните министри. Ставовите на СИЕР и ургентните барања се познати, дефинирани со усвоените резолуции на Конгресот на СИЕР. Истите се повторно доставени до надлежните министерства и Владата, заради остварување конструктивна соработка за нивно остварување. Од односот на надлежните кон барањата и кон СИЕР ќе зависат нашите ставови и политики за остварување на зацртаното. Охрабрувачки е почетокот во врска со минималната плата, нејзиното зголемување и бараните измени во Законот за минимална плата, за кој беше слушнато мислењето и дадена можност за директно учество на сите заинтересирани страни.

На претходните седници Претседателството и Советот на СИЕР побараа сегментиран преглед на остварените финансиски резултати по годишната пресметка. Затоа, на оваа седница беше презентиран бараниот преглед со податоци за сите единици во СИЕР.

По последната точка од дневниот ред беа споделени информации по неколку прашања. Меѓу другото, одделни членови на Претседателството информираа за собирање потписи и иницијатива за именување в.д. претседател. Беше истакнато дека таа постапка се води надвор од статутарните процедури и ниту еден член на Претседателството не искажа поддршка за истата.

Придружи ни се

Капитал Банка