Третата седница на Советот на СИЕР се одржа на 26.12.2017 година. Според традицијата, имаше работен и свечен дел.

Во работниот дел, членовите на Советот расправаа за приоритетите на СИЕР и мерките што треба да се преземат за нивно оживотворување. Имено, земајќи ги резолуциите усвоени на последниот конгрес како главен приоритет, СИЕР веќе се обрати до ресорните министри и Владата во целина со барања за средби заради образложување на нашите барања и согледување на можноститет за нивно остварување што поскоро.

 

Од приоритетните барања до сега е реализирано само покачувањето на минималната плата, со измената на Законот за минимална плата. Сепак, иако се оствари заложбата за зголемување на платата, не се оствари барањето за безусловна гаранција дека 12.000 денари се најнизок износ што може да се плати за полно работно време во Република Македонија, туку тоа се условува со нормиран учинок. Затоа, овие одредби од законот се оспорени на Уставен суд. Од усвоените резолуции, остануваат барањата за зголемување на отпремнините при отказ од деловни причини, поголема заштита за повозрасните работници (пет години пред пензија), воведување на посебни судски одделенија за работни спорови и намалување на периодот за договор на определено време во ЗРО. Исто така, во моментов постојат повеќе проблеми поврзани со примената на регулативата за бенифициран стаж, поради што и тоа е еден од приоритетите за побрзо решавање.

Затоа, Советот заклучи дека за СИЕР е најважно во овој момент:

-       Целосно да се применува Законот за минимална плата, а со коефициентите утврдени во колективен договор пропорционално да се примени како најниска плата и основ за пораст на сите плати.

-       Прашањето со бенифицираниот стаж и потребните промени наспроти постојниот Правилник во кој се утврдени работните места со право на бенифиција веднаш да се стави на дневен ред со Министерството за труд и социјална политика и СИЕР директно да учествува во изготвување на промените во регулативата.

-       Да продолжи притисокот за остварување на зацртаните барања со конгресните резолуции.

-       Да се ангажираат сите институти и институции во санкционирање на прекршувањето на правата регулирани со закон и колективен договор, вклучително и минималниот износ од 40% од просечната плата за регрес за годишен одмор.

 

По завршетокот на седницата беше организиран коктел на кој се посака добро здравје, лична среќа и повеќе успеси за наредната 2018 година.

Придружи ни се

Капитал Банка