Вработените на Еурокомпозит 11.Октомври од Прилеп, присилени од безизлезната состојба, по втор пат поставија шатори пред Владата на РМ. Првиот пат „кампирањето“ траеше два дена: шаторите се поставија на 1.Мај, а следниот ден, по средбата со премиерот Зоран Заев и добиените гаранции дека се работи на разрешување на статусот на претпријатието и на вработените, работниците си заминаа од Скопје.

Два месеци потоа, наоѓајќи се и понатаму во безизлезна ситуација, а особено заради неможност да им се исплаќа макар минимална плата месечно, тие одново ги поставија шаторите пред Владата. Овој пат се решени да истраат и да не си одат без готови решенија. Велат, на ветувања повеќе не веруваат.

 

Еурокомпозит 11.Октомври е наменска фабрика во целосна државна сопственост. За решавање на нејзиниот статус се чека веќе единаесет години, откако е ставена на списокот на „загубарите“. Во меѓувреме, распишани се единаесет неуспешни тендери, работниците побаруваат нето плати за повеќе од две години, а придонеси за цели шест години.

Доведени до крајот на издржливоста и егзистенцијалниот миниму, тие со горчина се прашуваат како е можно недомаќинското раководење и личните интереси на поранешните раководства да ги доведат до питачки стап и фабриката и вработените. Во таква состојба тешко им е да поверуваат дека е можна подобра иднина и успешно решавање на нивниот и статусот на фабриката. Речиси за секоја исплата на плата во последниов период се принудени да прават штрајкови и протести и постојано им е ветувано  дека решението е на повидок, потребно е трпение. Но од трпение тешко се преживува.

Во текот на вчерашното попладне, синдикалните претставници остварија средба со потпретседателот на Владата Анѓушев и со премиерот Заев. Се прават стратегиите како да се преживее во нередниве неколку месеци и по кој модел да оди решевањето на статусот. Владата е во фаза на избор на консултант, а се размислува за одредени опции на решавање.

Сепак, „гостите“ остануваат пред Влада.

Се повикуваат поголемите синдикални организации на СИЕР да покажат солидарност.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за