Претседателството на СИЕР ја одржа својата седма седница на 27.06.2018 година. Главна тема за расправа беа нови двата нацрт-закони: Закон за работни односи и Закон за синдикати, здруженија на работодавачи и колективно договарање.

Претседателството на СИЕР констатира дека, спрема содржината на двата акти, не се работи за нови решенија, туку прераспоред на старите решенија од ЗРО, со мали доработки и измени. Законот за синдикати, здруженија на работодавачи и колективно договарање, пак, е пренесен делот за организација и регистрација на синдикати и здруженија на работодавачи и делот за колективно договарање од ЗРО.

Во дискусиите беше оценето колку во понудените решенија се соджани барањата на СИЕР, особено во поглед на договорите на определено време и испратнините при отказ од деловни причини. Беше изразено целосно незадоволство од невклучување на синдикатите во подготовката на текстот на законот, фаза во која е полесно да се вградуваат барањата на синдикатот.

 

По обемната дискусија, Претседателството ги донесе следните ЗАКЛУЧОЦИ:

  1. Да се сопрат сите постапки околу донесување на споменатите закони.
  2. Работни групи составени од претставници на трите социјални партнери заеднички да утврдат дали има потреба од носење на вакви нови закони, или пак констатираните недоречености во ЗРО и конкретните барања на партнерите да се разрешат низ дијалог и со взаемно почитување.

Ваквите заклучоци на Претседателството на СИЕР се донесени тргнувајќи од констатацијата дека предложените текстови на двата закони претставуваат само преуредување на постоечкиот Закон за работни односи, со преместување на постојната содржина и мали измени во постојните решенија.

 Доколку, сепак, преовладее ставот за донесување на нови закони, тогаш СИЕР ќе инсистира за:

-       Донесување на еден Закон за работни односи (како и до сега) без издвојување на делот за синдикати, здруженија на работодавачи и колективно договарање, бидејќи сета проблематика во тој сегмент произлегува пред сé од правата од работен однос.

-       Во изработката на законот посуштински да се вклучат социјалните партнери (синдикати и здруженија на работодавачи) за да може полесно да се усогласуваат ставовите, а не како до сега: со понуда на текст по кој двата партнери даваат забелешки, а повторно третиот партнер (власта) арбитрира што се прифаќа, а што не се прифаќа и така во недоглед. На тој начин не може да се дојде до квалитетни решенија.

Овие заклучоци се доставени до Сојузот на синдикати на Македонија и до Министерството за труд и социјална политика како предлагач на законите.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 
 

Поврзани вести од др.медиуми

Телма 28.07.2019

Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

--------------------------------------

Телма 27.07.2019

Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот "Тораница" кај Крива Паланка

--------------------------------------

Телма 25.06.2019

Анѓушев се сретна со поранешни вработени на ОХИС

---------------------------------------

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за