Како што е познато, измените на законот за Минимална плата донесени во август 2017 година донесоа покачување на износот на минималната плата на 12.000 денари, но не го отстранија условот за исполнување на нормиран учинок за да се заработи оваа минимална плата.

СИЕР беше меѓу најгласните укажувачи на неправичноста на ваквата одредба и на сите злоупотреби од страна на работодавачите во вид на присилување на работниците да работат подолго од нормалното работно време за да ја исполнат нормата. Сите аргументи против ваквото решение беа доставени до изготвувачите на законот и јавно презентирани за време на дебатата. За жал, нормираниот учинок не само што остана во законот, туку регулативата беше проширена со уште два става во членот 2.

Откако законот беше донесен, СИЕР и Синдикатот на УПОЗ  продолжија со консултации меѓу стручните лица, што резултираше со изготвување предлог до Уставниот суд за преиспитување на уставноста на членовите 2 и 7 од Законот за минимална плата. Изготвената иницијатива ја прифати Сојузот на синдикати на Македонија и ја поднесе до Уставниот суд.

 

Резултатот е познат: Уставниот суд во член 2, став 1 од Законот за минимална плата ја укина одредбата „исполнет нормиран учинок„  како и ставовите 2, 3 и 4 од истиот член. Исто така, укинат е член 7-б, став 1 и 3 од законот, кои содржат казнени одредби поврзани со нормираниот учинок. Овие одредби, оценил судот, не се во согласност со член 8, став 1, алинеа 3 од Уставот, според кој владеењето на правото, а со тоа и правната сигурност на граѓаните, е една од темелните вредности на Уставниот поредок на Република Македонија.

Судот особено ценел дека , согласно Уставот, сопственоста и трудот се основа за управување и учество во одлучувањето, што значи дека работодавачот неможе еднострано да одредува норми. Платата , како едно од правата од работен однос може да се уредува само со закон и со колективен договор.

Одлуката е објавена во Службен весник бр.85 од 10.05.2018 година, што значи дека од истиот датум произведува правно дејство.

Што значи одлуката на судот? Значи дека во Република Македонија за полно работно време работодавачот мора да исплати најмала ОСНОВНА ПЛАТА во износ од 12.000 денари. На основната плата се додаваат додатокот за минат труд, за прекувремена, ноќна или празнична работа, додатокот за работа во смени и т.н.

Тоа практично значи дека нето плата од 12.000 денари може да остварува работник-почетник, кој работи на помалку сложени работи, нема минат труд и работи само прва смена, односно немал прекувремена работа и не работел во државен празник во текот на месецот. Сразмерно на сложеноста на работата, условите за работа, работното време (прекувремена, ноќна, празнична) и работниот стаж, платата мора да биде соодветно повисока.

СИЕР, како еден од иницијаторите на постапката и гласноговорник дека со правата од работен однос не може да се калкулира, е особено задоволен од одлуката на Уставниот суд и потврдата дека мора да се води сметка за правната сигурност на граѓаните и во областа на трудот.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 
 

Поврзани вести од др.медиуми

Телма 28.07.2019

Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

--------------------------------------

Телма 27.07.2019

Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот "Тораница" кај Крива Паланка

--------------------------------------

Телма 25.06.2019

Анѓушев се сретна со поранешни вработени на ОХИС

---------------------------------------

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за