По осум месеци во „изгнанство„ четирите синдикати исклучени од ССМ на 14.август се вратија повторно во Работнички дом. Ова беше возможно откако Централниот регистер конечно го запиша како легитимен в.д. претседател на ССМ Дарко Димовски, а го избриша Живко Митревски. Со тоа се заврши неправдата што оваа институција ја овозможи откако во ноември минатата година бесправно не го запиша правосилното решение од Министерството за труд и социјална политика.

Веднаш откако беше спроведена промената, Претседателството на ССМ ги отповика одлуките за суспензија на синдикатите. На 23.август се состана и Советот на ССМ и изгласа поништување на одлуките за исклучување на овие синдикати. На тој начин, во моментов е затворена една неславна епизода во историјата на синдикалното движење и самиот Сојуз на синдикати. Преостанува закажување на вонредниот конгрес за целосно заокружување на овој процес.

СИЕР ГИ ИЗВЕСТУВА СВОИТЕ ЧЛЕНОВИ ДЕКА ОД 29.АВГУСТ ПОВТОРНО ЌЕ РАБОТИ ВО СВОИТЕ ПРОСТОРИИ НА 9.КАТ ВО ЗГРАДАТА НА РАБОТНИЧКИОТ ДОМ.

Придружи ни се

Капитал Банка