Извор: http://www.finance.gov.mk/mk/node/6441

Скопје, 23 јуни 2017 (МИА)  - Околу проектираната минимална плата од 12.000 денари што беше и
предизборно ветување, не треба да постои дилема, за тоа ќе има пари во ребалансот на Буџетот, соопшти
денеска министерот за финансии Драган Т евдовски пред почетокот на консултативната средба со
претставниците на синдикатите на која присуствува и министерката за труд и социјална политика, Мила
Царовска.

Како што напомена Тевдовски, идејата е да се скрати од комодитетот на власта, а поддршка за зголемување на минималната плата даваат и работодавачите. Според нив, рече Тевдовски, апсолутно има простор за зголемување на минималната плата но, ако нема политички притисоци и казни.
- Почнува отворениот дијалог за зголемување на минималната плата што беше ветување во предизборниот период. Според нашиот план, минималната плата ќе изнесува 12.000 денари и ќе важи за сите. Целосно сме отворени и сакаме да ги слушнеме синдикатите, не само за висината, туку и за другите отворени прашања поврзани со минималната плата како што е вреднувањето на учинокот, истакна Тевдовски.

 


Вакви консултации, најави, во среда ќе се одржат и со стопанските комори и работодавачите, а потоа,
договореното решение ќе биде претставено и дебатирано на Економско-социјалниот совет .
- За законите, особено оние битни за работниците, треба да се дискутира со ваков отворен пристап. Од
друга страна, рековме дека ќе го ослободиме деловниот амбиент, мислам дека тоа веќе се чувствува, од
првиот ден гледавме да има неселективен повраток на ДДВ, да нема никакви притисоци што секако ќе
обезбеди простор за зголемување на платите, потенцира Тевдовски.
И министерката Царовска рече дека само со отворен, директен пристап може да се дојде до квалитетно
решение.
- Г о отвораме процесот на разговор, дијалог за зголемување на минималната плата. Она што го ветувавме
во предизборниот период, денеска почнуваме да го остваруваме. Широки консултации се многу важни, само
така можеме да донесеме квалитетни одлуки. Ќе се трудиме во сите гранки да има еднаква минимална
плата и се надеваме дека наскоро тоа ќе стане реалност, со оглед дека претходно имаше дискриминирачки
одредби за најранливите гранки, нагласи Царовска.
Поосчи и дека како министер за труд, секогаш ќе ги брани работничките права и најзагрозените работници.
- По дебатата на Економско-социјалниот совет, очекувам дека наскоро ќе излеземе со законско решение
што ќе биде квалитетно и усогласено со сите чинители, истакна министерката.
Одговарајќи на новинарски прашања, министерот Т евдовски напомена дека во врска со зголемувањето на
минималната плата особено ќе се води сметка да не се дозволи простор компаниите да вршат какви било
притисоци и злоупотреби врз вработените.
- Најголем дел од овие консултации, посебно денешните, со синдикатите, се насочени токму кон овие
прашања - точно да ги утврдиме решенијата што би ги спречиле злоупотребите, посочи министерот .
Најави и дека многу брзо, од почетокот на јули, Министерството ќе почне со објавување детални извештаи
за јавните финансии, што ќе значи транспарентност во трошењето на парите на граѓаните. На краток рок, информира, нема да има никакви промени во однос на враќањето на прагот на даночните обврзници.

- Сите наши промени ќе бидат отворени, презентирани на веб-страницата на Министерството и
1/2 дебатирани, а јавноста ќе биде навремено информирана, рече Тевдовски.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за