Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ, како и целокупната јавност во Македонија, ги забележува шпекулациите што се шират веќе извесно време во врска со промени во Законот за пензиско-инвалидско осигурување, продолжување на работниот век за вработените, односно зголемување на старосната граница за пензионирање и сл. Во врска со ова прашање сакаме да нагласиме дека:



1. По ова прашање во текот на изборната кампања не се произнесе ниту еден субјект – учесник во изборната трка и претендент за освојување на власта.

2. Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на РМ е апсолутно против какви било промени на условите за остварување старосна пензија за работниците во Македонија, а особено за работниците во индустриските дејности, енергетиката и рударството, за кои и сегашните услови се тешки.

3. Која и да е Влада во наредниот период мора да обезбедува пензии како за сегашните, така и за идните пензионери во Македонија и да го решава проблемот на дефицитот на Фондот за ПИО, но во тој процес мора да се води сметка и за физичките можности за работниот век на индустриските работници

Затоа, СИЕР предупредува дека какво било понатамошно влошување на условите од постојната регулатива е апсолутно неприфатливо и неиздржливо, тоа би требало да го има во предвид секоја влада на РМ. За проблемите во Фондот на ПИО мора да се изнајдат посоодветни и поодржливи решенија отколку што е продолжувањето на работниот век, а во пензиите, како тековни, така и идни, редовно да се исплатуваат.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за