На  16.ноември, Претседателството на СИЕР ја одржа својата конститутивна седница во полн состав. На седницата се расправаше по следниот Дневен ред:
- Усвојување на деловник за работа на Претседателството
- Актуелни состојби и позицијата на синдикатот во врска со предвремените парламентарни избори
- Тековни прашања



Членовите на Претседателството на СИЕР жестоко го осудија потпишувањето на заеднички документ со една од политичките партии кои учествуваат на изборите од страна на претседателот на Сојузот на синдикати. Тие побараа одговорност од него за таквиот чин, особено што е направен без одлука на Претседателството, односно Советот на ССМ, согласно Статутот. Тие го задолжија претседателот на СИЕР да поддржува и учествува во секакви иницијативи за спречување на ваквата работа на претседателот на ССМ, вклучувајќи и негово разрешување, отповикување и сл. Што се однесува до СИЕР, се констатира дека нашата позиција пред изборите е многу јасна. Ова е период кога треба да се испорачаат нашите ставови и барања до сите учесници во изборите, а не да се врзуваме за поединечни партии и јавно да упатуваме такви пораки до членството. Затоа, СИЕР ги достави Резолуциите усвоени од Конгресот до сите коалиции и партии кои ќе учествуваат на изборите и им порача дека тоа се нашите „црвени линии„. Ние неможе да отстапиме од зацртаната борба за:
- Повисока минимална плата и чесно вреднување на трудот врз основа на сложеноста на работното место;
- Скратување на рокот од 5 години за работа со договор на определено време и ограничување на бројот на работници со таков статус во друштвата;
- Враќање на правото на згриженост како невработен за период од 5 години пред пензионирање;
- Повисоки гарантирани износи на испратнина во случај на откажување на договорот од деловни причини;
- Специјализирани судски оддели за работните спорови, кои не се класични граѓански предмети.

На крајот на седницата, Методија Сеизовски –СИЗО доскорешниот претседател на СО при ФЗЦ 11.Октомври од Куманово се збогува со активната синдикална работа и најави дека како пензионер и понатаму ќе помага и синдикално ќе се ангажира.

Придружи ни се

Капитал Банка