Работниците од Југохром Алзар во саботата, 12.ноември го блокираа веројатно најфреквентиот автопат во државата, Скопје-Тетово кај наплатната рампа во Желино.

 

По многу лошо време и силен дожд се собраа југохромци масовно да го изразат своето незадоволство од запирањето на производството во нивната фабрика поради одлука на министерот за животна средина. Имено, не помина ни еден месец од потпишувањето на колективниот договор и уверувањата од страна на раководството дека се обезбедени сите услови производството непречено да се одвива во наредниот период, а платите да се вратат на нивото од пред кризата, стигна одлуката од Министерството за животна средина  дека повеќе нема да се толерира пробивањето на роковите за изградба на системот за филтерска заштита. Не помогнаа аргументите дека вината не е до Југохром, бидејќи властите неможеле да издадат градежна дозвола сé до крајот на летото, што е причина за доцнењето на градежните работи.
Работниците се почувствуваа на некој начин предадени, или оставени како колатерална штета во убедувањата меѓу раководството и акционерите од една и властите од друга страна. Не е прв пат да мора да го понесат најголемиот товар, да останат без работа и без плата, а за тоа да се најмалку виновни.
Затоа рекоа ДОСТА Е. Побараа:
1. Да го задржат статусот на вработени во периодот на неработење, со користење на механизмот „принуден одмор„
2. Да се повлече одлуката за забрана за работење, а да се истражат вистинските причини за загадувањето на атмосверата во Тетово
3. Да продожи забрзано изградбата на системот за филтрација, за да нема повеќе причини да се псочува Југохром како најголем проблем за загадувањето.

Работниците се свесни дека Југохром, по природата на производството, е загадувач.  Тие исто така сакаат здрава животна средина за своите семејства. Но минатата зима, кога печките беа изгаснати во текот на цели два месеци (а на работниците не им беа обновени договорите за вработување) загадувањето на Тетово ни најмалку не се намали, напротив, достигнуваше негативни рекорди. Затоа, тие бараат надлежните конечно да не го користат само Југохром како изговор, туку да се насочат кон утврдување на вистинските извори на загадувањето, за да можат со вистински мерки да го санираат. Вака, ниту загадувањето се намалува, ниту проблемот се решава, единствено тие губат со неработењето и немањето можност да се заработи платата.

Придружи ни се

Капитал Банка