Двете европски синдикални федерации IndustriALL - Европски Синдикат, кој гиобединува синдикатите од металната, хемиската, текстилната индустрија, енергетиката и рударството и EFFAT кој ги обединува синдикатите од земјоделието, прехрамбената индустрија, угостителството и туризмот, спроведуваат заеднички проект во југоисточна Европа под наслов „Јакнење на улогата на индустриските синдикати во ЈИЕ ва формулирање индустриски политики во склад со агендата Европа 2020„ (VS/2015/0238). Во проектот се вклучени синдикатите од државите членки и кандидатки за членство од ЈИЕ (Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Бугарија и Романија). Во рамки на проектот во Скопје беше одржана заедничка работилница за синдикатите – членки на двете федерации од Македонија и Црна гора на 13. и 14.октомври во хотелот Арка. На работилницата учествуваа претставници на синдикатите од металната, текстилната индустрија, енергетиката и рударството, како и земјоделието, прехрамбената индустрија и туризмот од Македонија и Црна гора. Тие низ свот-анализа на тековните индустриски политики во своите земји ги одредуваа приоритетите на делување во наредниот период, а со цел што подоследно остварување на агендата 2020, од аспект на реиндустријализацијата на Европа и зајакнување на инустријата во регионот. Учесниците беа запознаени и со тековните состојби и приоритети во индустриската политика на ЕУ, како од аспект на реиндустријализацијата, така и од аспект на развој на стандардите и приоритетите во земјоделието, хотелиерството и туризмот. Активностите во проектот ќе продолжат со секторски конференции во првата половина од наредната година.

Придружи ни се

Капитал Банка