КАКВИ РАБОТОДАВАЧИ СЕ ТРАНСНАЦИОНАЛНИТЕ КОМПАНИИ ВО СРБИЈА И МАКЕДОНИЈА?

 

 Во периодот 23-25.септември во Белград во организација на Фондацијата Роза Луксембург беше одржан работен семинар на тема: „Работните услови во транснационалните компании во ЈИЕ„ на кој учествуваа претставниси од СИЕР (Македонија) и ГСИЕР Независност (Србија), како и економски аналитичари и истражувачи од двете земји и од Германија.

Фондацијата Роза Луксембург разви студија на случајот Дрекселмаер, инвеститор присутен во Македонија и Србија, заради прикажување на положбата на работниците кај овој работодавач и споредување на условите за работа во фабриките во Кавадарци и Зрењанин. Студијата беше претставена од страна на изготвувачите Анета Смит Гулева и Соња Стојадиновиќ (за Кавадарци), како и Иван Раденковиќ  (за Зрењанин).

Освен тоа, на семинарот низ неколку панел дискусии се разговараше и за:

- Националните политики за привлекување странски инвестиции и слободните индустриски зони (Бранимир Јовановиќ, Македонија, Миленко Среќковиќ, Србија, Штефани Хуртген и Томас Сабловски, Германија);

- Стратегиите на синдикатите и можностите за организирање на работниците во  транснационалните компании (Пецо Ристески-СИЕР, Миленко Пановиќ-ГСИЕР Независност, Клаус Пригниц-ИГ Метал, Зоран Михајловиќ –СССС)

- Почитување на трудовите стандарди и условите за работа на работниците во транснационалните компании (Маре Анчева-СИЕР и Александар Тодиќ-ГСИЕР Независност).

На маргините од семинарот учесниците од СИЕР и ГСИЕР Независност (сите синдикални претставници од транснационални компании) имаа можност за директни контакти и непосредна размена на искуства. 

Фондацијата Роза Луксембург изрази спремност и во иднина да поддржува вакви настани со кои ќе се придонесува за пристојни работни места и достоинствени плати кај странските инвеститори во ЈИЕ, како и побрзо синдикално организирање на работниците и јакнење на улогата и позицијата на синдикатот.

 

 

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        


 

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за