Откако состојбата со исплата на платите не се подобри, согласно договореното на средбата со директорите и платата не се исплати до 15.февруари, синдикатот донесе одлука за стапување во штрајк на 20.02.2017 година. Работниците беа особено револтирани поради тоа што со задоцнувањето повторно се нарушува здравственото осигурување и правото на користење здравствена заштита.

 

Потоа, на 2.март се одржа нов состанок со раководството, на кој беа презентирани договорени работи за фабриката, со кои се обезбедува ангажман и редовна исплата на платите во наредните месеци. На овој состанок беа усвоени одредени заклучоци, според кои динамиката на исплата на плати во наредниот период ќе се задржи, ќе се заврши конечно одамна очекуваната систематизација, а ќе се изготви и стратешки план за решавање како на состојбите, така и на заостанатите побарувања на работниците. Воедно, беше договорено дека работниците кои се вклучени во процесот на производство ќе бидат дополнително стимулирани со повисока плата почнувајќи од исплатата во месец април.

По оваа средба, беше донесена одлука за ставање на штрајкот во мирување, за да може да отпочне реализацијата на договорите за нарачки и да се исплатуваат договорените обврски од страна на рабоводството.

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 

 

 

Наша Фејзбук Страница

Наш YouTube Канал

Корисни Информации

 

ССМ Мобилна апликација

Престојни настани


08-11.09.2022
Работнички спортски игри на СИЕР, Хотел Десарет, Охрид