На 17.06.2022 год. во Истанбул се одржа 53. Централен комитет на Меѓународната Евроазиска Федерација на металските работници, каде присуствуваа и претставници од СИЕР:  претседателот Игор Ѓерасов и советникот Маре Анчева.

 

СИЕР е догогодишен член на Меѓународната Евроазиска Федерација. Остварена е средба и со потпретседателот на Турскиот Металски синдикат  за продолжување на заедничката соработка. Договерено е во блиска иднина да се одржуваат почести средби, на кои би се разменувале искуства од двата грански синдиката, со цел  подигање на синдикализмот  на повисоко ниво и освестување на пошироката маса за потребата од заедничко  делување.