Претставници од ПРО-ГЕ синдикатот од Австрија во периодот 22-27.05.2022 год. беа во посета на  СИЕР и на неколку синдикални организации на СИЕР низ Македонија.
Ги посетија просториите на СИЕР во Скопје, каде беа пречекани од страна на претседателот  на СИЕР Игор Ѓерасов и советникот Маре Анчева.


Подетално  беа информирани за работата на СИЕР, како и дејствувањето и целите на СИЕР во овој период, а потоа ги посетија:
СО при  МЗТ ВАБТЕК, Скопје, СО при Мермерен комбинат, Прилеп, СО при АД  ЕЛЕМ Скопје (посета на РЕК Битола) како  и СО при ЛТХ Леарница, Охрид.
Од страна на домаќините беа запознаени со мометалната ситуација  во која се наоѓаат компаниите, начинот на работа, правата на работниците и сл., и се разменија искуства од двете страни.

Посетата на Синдикатот ПРО-ГЕ можеме да ја оцениме позитивно, се отвари нова порта на соработка и заемно делување во интерес на  сите.
До скоро видување и дружење.