Изминатиот викенд 15-17.04.2022 год. во Хотел Пела, Охрид, Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР во соработка со Olof Palme International Center од Шведска, одржа семинар на тема - Материјално финансиско работење.

Предавачи на семинарот беа Биљана Властимирова од ТИА-М Консалтинг ДООЕЛ, овластен книговодител во СИЕР и Маја Бошковска Секретар на Советот на СИЕР- правник.  Беа објаснети законските прописи, норми и правила врзани за материјалното работење на СИЕР и на синдикалните организации.

            На семинарот учество зедоа претседателите на Синдикалните организации, членки на СИЕР. Семинарот наиде на голем интерес кај учесниците.