Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР го прошири своето членство за уште  четири нови синдикални организации.

СИЕР – Синдикална организација при АДИЕНТ Сеатинг ДООЕЛ Штип. Компанијата АДИЕНТ Сеатинг ДООЕЛ, Штип е лоцирана во ТИРЗ, Штип и се занимава со производство на навлаки за автомобилски седишта. За претседател на СО е избран Даниел Николовски.

СИЕР-СО при ЕЛЕМ Турс, Скопје. ЕЛЕМ Турс е дел од ЕСМ на РМ, односно тоа е Друштво за туризам, угостителство, рекреација и спорт и стопанисува со ДУТ Молика ДООЕЛ, Битола и ДУТ Попова Шапка ДООЕЛ, Тетово, Автокамп Ливадиште и др. Претседател на СО е Валентин Трпеновски.

СИЕР-СО при ТЕЦ Неготино, Неготино, како дел од ЕСМ за производство на електрична енергија. Претседател на Со е Блаже Димов.

СИЕР-СО при ФОРТ ДООЕЛ, Осломеј Кичево. ФОРТ ДООЕЛ Осломеј, Кичево е дел од АД ЕСМ, Скопје задоложена за одржување, ремонт и транспорт. Претседател на СО е Златко Павловски.

СИЕР како синдикат им служи на своите членови и вложува напори за подобрување на нивниот живот и работа, за почитување на работничките права и достоинство, но секако и за повеќе вреднувана работа за сите работници.

Здружени сме посилни!