На 28 Април 2003 започнува да се одбележува Светскиот ден  за безбедност и здравје при работа од страна на Меѓународната организација на труд (МОТ). Целта на МОТ е заштита на работниците од болести, заболувања и повреди кои произлегуваат од работата, како и превземање на потребните дејства за понатамошно намалување и спречување на повреди, заболувања и смртни случаи поврзани со  работното место. МОТ има обврска на промовира  програми за заштита на животот и здравјето на работниците во сите занимања, согласно : Конвенции за МОТ кои ги има ратификувано РСМакедонија-Конвенција за БЗР од 1981 год. (бр.155), Препорака за БЗР, 1981 год(бр.164), Конвенција за Промотивна рамка за БЗР, 2006 год. (бр.187) , како и почитување на Законот за БЗР и сл.

 

Одбележувањето на 28 Април е насочено кон подигнување на свеста на работодавачите, работниците и на владата за согледување на големината на проблемот и создавање на посигурни, побезбедни и поздрави услови за работа. Улогата на сите три страни е од еднакво значење за намалување на ризиците при работа, намалување на повредите односно несреќите како и смртноста на работниците. Постоењето на социјален дијалог, преку преговори, консултации меѓу претставниците на трите страни е неопходен механизам во создавање на: безбедна и здрава работна средина од страна на работодавачите, превземање на лична одговорност за почитување на пропишаните мерки за безбедност на работното место од страна на работниците и почесто контролирање на претпријатијата во однос на спроведување на поставените стандарди за труд и следење на нивно спроведување од страна на владата.

Според статистичките податоци на МОТ , секоја година повеќе од 2 милиони луѓе умираат од несреќи на работното место или од болести кои се поврзани со работата, односно од професионално заболување. Најголем број на повреди на работно место или професионално заболување се забележани во земјите во развој, во областите-рударство, градежништво, земјоделство и сл, а најзасегнати групи се најсиромашните и оние најранливите односно најмалку заштитените-жени, деца и мигранти.

2020 год. помина во сенката на пандемијата КОВИД -19, која ги допре сите аспекти на работа на светско ниво, со ризик на пренесување на вирусот на работните места. САРС-КоВ-2 е ризик за безбедноста и здравјето на професионално експонираните работници, а инфекцијата со САРС-КоВ-2 вирусот е нова биолошка штетност и предизвикува појава на Ковид -19, може да се карактеризираат како причина за несреќа при работа. Од Ковид – 19 заболуваат голем број на работници на своите работни места преку контакт со заразени лица (здравствените работници) или контакт со корисници на услуги во услови на пандемија кои можат да бидат болни или да се носители на вирусот (образованието, јавен транспорт, малопродажба, полиција, војска..). Затоа во согласност со Директивата на Европската Комисија за БЗР, СЗО и МОТ за сите работници кои можат да бидат во контакт со заболени лица, да се направи проценка на ризик на работното место. Според Институтот за јавно здравје на РСМ, бројот на заболени од Ковид-19,  од почетокот на кризата, е околу 147.229 (до 18.04.2021) позитивни случаеви и 4.478 смртни случаи.

Според Институтот за јавно здравје на РСМакедонија , согласно податоците за пријавени повреди на работно место, добиени од Центариот за јавно здравје и Фондот за здравствено осигурување, во текот на 2020 год. се забележани вкупно 599 повреди на работа, односно за 46,5% помалку од претходната година. Ова намалување се должи на појавата на пандемијата на Ковод-19, која резултираше со воведување на рестриктивни мерки, кризна и вонредна состојба во државата, дел од компаниите го намалија обемот на работа, некои се затворија. Најголем број на повреди се забележани во: индустријата и рударството 169, останати осигурани лица (кај приватни работодавачи и лица кои вршат  самостојна професионална дејност) 134 и др. Според полот, забележани се повеќе повреди кај работници од машки пол  односно 409, а 190 повреди кај работничките.

Исто така 28 Април е Меѓународен ден на комеморација за мртви и повредени работници, кој се одбележува во синдикалното движење во светот уште од 1996 год.

Слика може припадати 1 особа и стоји

 

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 

Корисни линкови

Државен пазарен инспекторат https://dit.gov.mk/

 

Министерство за труд и социјална работа http://www.mtsp.gov.mk/

 

Меѓународна организација за труд http://www.ilo.org/

 

Влада на република Северна Македонија http://www.vlada.mk/