Бившите и сегашните работници од Еурокомпозит 11 Октомври од Прилеп заедно со претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов вчера 16.12.2020 год. протестираа пред Собранието и Владата на РСМ.

 

Работниците веќе подолг период безуспешно се обидуваат да добијат трајно решение за наплата на своите побарувања од работен однос.

Беа примени на кратка средба во Собранието од претставници на власта, за повторно да ги искажат своите барања и надежи за трајно  решавање на нивниот проблем.

Се надеваме дека овој пат ќе имаат слух за овие луѓе, граѓани на РСМ и дека во најскоро време нивните проблеми ќе бидат решени.

 

Придружи ни се

Капитал Банка