Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија – СИЕР им го честита 1.МАЈ- Меѓународниот ден на трудот, посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците, на своите членови како и на сите граѓани на Република Северна Македонија.

СИЕР од самиот почеток на своето постоење се залага за  економски и социјален напредок во сите сфери, кој ќе овозможи подобрување на социјално-економската положба на работниците,одржување на сигурни работни места со повисоки плати, максимално залагање за повисока минимална плата, заложување за безбедни услови за работа, зема учество во борбата против мобингот и дискриминација на работните места, се залага за унапедување на социјалниот дијалог се со една заедничка цел за остварување на правата на работниците.

Но денес, во услови на светска пандемија на COVID 19 , во време на полициски часови, карантини, отежнати услови на работа, сите ние зедно се наоѓаме пред нови искушенија, предизвици, во едни за нас, чудни услови за живеење и работење, соочувајќи се со стравот од непознатото. Оваа битка може да биде кратка но последиците од неа ќе бидат непроценливи. Затоа, сега, сите ние , треба да сме заедно и со заедничи напори и сили да го издржиме ова време во исчекување на ново утре. Затоа чувајте се, пазете се , бидете храбри и запазете го доброто расположение.

СИЕР ви посакува да останете во добро здравје.

Придружи ни се

Капитал Банка