Игор Ѓерасов избран за претседател

На 25.10.2019 година се одржа Вонреден конгрес на СИЕР. На конгресот, од утврдени 104 учествуваа 99 делегати.

Со Вонредниот конгрес раководеше работно претседателство во состав: Душко Цветковски, Станка Димовска, Убавка Спасовска, Славица Јакимовска и Роберт Богданоски.

 

Конгресот усвои Измени и дополнувања на Статутот, кои стапуваат на сила веднаш. Статутарната комисија ќе изготви пречистен текст.

Конгресот ја усвои оставката на претседателот Пецо Ристески, кој оствари право на старосна пензија. Претседателот се заблагодари за долгогодишната соработка и посака успешна работа на СИЕР и на претседателот што ќе биде избран.

Советот на СИЕР утврди четири кандидати, од кои кандидатот Дракче Димковски пред делегатите на Вонредниот конгрес ја повлече својата кандидатура од лични причини. Кандидационата комисија ги потврди кандидатурите на преостанатите три кандидати: Игор Ѓерасов, Слаѓана Миливојевиќ и Марјан Поповски.

Со тајно гласање, делегатите во првиот круг му дадоа мнозинство гласови на Игор Ѓерасов, претседател на Синдикалната организација Либерти Скопје (порано АрцелорМитал).

Избраниот претседател се заблагодари на довербата и повика на единство и солидарност. Се обврза на работа за зацрстување и омасовување на организацијата и задржување на СИЕР на лидерското место во синдикалното движење во државата.

Придружи ни се

Капитал Банка