Утврдени кандидати за претседател и составот на работните  тела за Вонредниот конгрес на СИЕР

 Советот на СИЕР ја одржа својата 8-ма седница на 15.10.2019 година. Ревидирана е одлуката за Бројот и составот на делегатите за вонредниот конгрес, бидејќи е отстаранета техничка грешка. Конгресот ќе има 104 делегати, а синдикалните организации ги имаат доставено имињата на делегатите до СИЕР.

Во предвидениот рок пристигнаа четири кандидатури, односно предлози за претседател на СИЕР и тоа за Марјан Поповски, Игор Ѓерасов, Слаѓана Миливојевиќ и Дракче Димковски.

Советот ги потврди сите четири пристигнати кандидатури, така што Вонредниот конгрес ќе избере претседател помеѓу овие кандидати.

Освен тоа, Советот ги усвои Предлог-Измените и дополнувања на Статутот на СИЕР, како и Предлог-Деловникот за работа на Вонредниот конгрес. Од структурата на делегатите е определен и составот на работните тела на конгресот: работно претседателство, верификациона, кандидациона и изборна комисија, како и заверувачи на записникот.

Конгресот се одржува на 25.10.2019 во големата сала на Работнички дом на 12.кат со почеток во 11 часот.

Придружи ни се

Капитал Банка