По којзнае кој пат поранешните и сегашни вработени во Еурокомпозит 11.Октомври дојдоа да протестираат во Скопје поради неисполнетите барања што ги поставуваат повеќе години, а за кои неколку пати имаа цврсти ветувања од Владата.

Имено, Еурокомпозит е последниот нерешен загубар во државата. Работниците (поранешни и сегашни) побаруваат за неплатени придонеси од јуни 2012 до денес, поради што пензиската основица драстично се намалува како на тие што веќе оствариле право на пензија, така и на тие што тоа ќе го остварат подоцна. Не се исплатени нето плати и други надоместоци, како ни отпремнини за работниците кои кон крајот на минатата година беа прогласени за технолошки вишок, односно испратнини за работниците кои во последните три години оствариле право на пензија. Вкупно, по овие основи работниците побаруваат над три милиони евра.

 

Во последниве две години работниците штрајкуваа, протестираа по улиците на Прилеп и Скопје, блокираа, дури во два-три наврати кампуваа пред Владата. Во тој период остварени се многу средби со највисоките владини раководители, вклучително и претседателот на Владата. Секогаш ситуацијата била смирувана со по некоја интервентна исплата и ветување дека проблемот ќе се реши со наоѓање стратешки инвеститор. Но, трпението на работниците се потроши. Тие уште еднаш дојдоа во Скопје на 5.јуни со намера да не си одат до конечно решавање на нивните барања.

Главното барање што се поставуваше пред Владата секога беше врзано за затворање на стажот, односно исплата на придонесот за ПИО. Тоа последен пат беше решено за сите претпријатија „загубари“ со претворање на побарувањата во влог на државата во јуни 2012 година. СИЕР во секоја прилика нагласуваше дека овој проблем треба и сега слично да се реши, а потоа може да се размислува за секаква варијанта на преструктуирање (во стечај), односно полесно би се пребродило евентуално наплатување на (само) дел од побарувањата ако е затворен стажот. Но, за таков чекор до сега немаше расположение.

На 10.јуни претставници на отпуштените работници и претседателот на СИЕР беа примени од претседателот на државата Стево Пендаровски. Истиот ден попладнето се одржа состанок во Владата на РМ, на кој уште еднаш се соочија аргумантите на синдикатот (работниците) и владините претставници. По долготрајна аргументација, потпретседателот на Владата Кочо Анѓушев се обврза да работи согласно предлогот на СИЕР, односно да предложи затворање на обврските за ПИО, а потоа, низ реструктурирање во стечај да се намират другите побарувања на работниците во обем кој ќе биде можен, согласно структурата на вкупните долгови.

По ова, „кампирањето“ пред Владата заврши и работниците се вратија во Прилеп. Тие очекуваат дека барањето ќе биде спроведено, односно решено како што е договорено, со што ќе се стави крај на долгогодишната голгота што ја поминаа.

 

Барања од сегашните и поранешните вработени во Еурокомпозит 11 Октомври, Прилеп

Еурокомпозит 11 Октомври, Прилеп е фабрика за наменско производство во сопственост на државата и последно претпријатие со нерешен статус од групата загубари во државна сопственост.

Во целиот тек на постапката за решавање на статусот на претпријатието и на вработените барањата што ги истакнуваат работниците се исти.

  1. Исплата на заостанатите придонеси од плата за периодот од 06.2012 до денес
  2. Исплата на заостанати плати и други надоместоци што ги побаруваат работниците
  3. Исплата на отпремнина за работниците прогласени за технолошки вишок и испратнина за работниците кои во меѓувреме оствариле право на пензија и
  4. Решавање на статусот на фирмата, изнаоѓање стратешки инвеститор и продолжување на работа најмалку со бројот на вработени кој фигурира денес.

По повеќе годишни штрајкови, протести, преговори, промени на раководства и други премрежија нам, на работниците ни е јасно дека без сериозно вклучување на Владата на РМ во решавањето на проблемот не може да се најде одржливо решение. Планот што нам ни е презентиран од страна на потпретседателот на Владата господин Анѓушев не ветува подмирување на барањата на работниците. Затоа, единствена можност работниците да прифатат каков било план за реструктурирање по наше мислење е изнаоѓање на друго решение и затворање на обврските за придонеси од плата во целост на друг начин што мора да го изнајде Владата на РМ. Дури и во ваков случај средствата планирани од страна на инвеститорот не се доволни за затворање на другите обврски кон вработените (заостанатите доверители да нестане ниту збор) меѓутоа со затворени придонеси позицијата на работниците би била далеку подобра и би можело да се размислува за прифаќање на преструктирањето.

 

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 
 

Поврзани вести од др.медиуми

Телма 28.07.2019

Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

--------------------------------------

Телма 27.07.2019

Еден рудар загина, двајца повредени во рудникот "Тораница" кај Крива Паланка

--------------------------------------

Телма 25.06.2019

Анѓушев се сретна со поранешни вработени на ОХИС

---------------------------------------

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за