На 24.12.2018 година Советот на СИЕР ја одржа својата редовна седница на која расправаше за актуелните промени на законите од трудово-социјалната свера.
На седницата беше поканет и присуствуваше и претседателот на ССМ, Дарко Димовски.
Членовите на Советот на СИЕР беа запознати со промените во Законот за работни односи, кои сé уште се усогласуваат со Владата и Организацијата на работодавачи на Македонија. Исто така, беа запознати со промените во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување и новиот Закон за данок на личен доход. Неизбежна беше и темата на Општиот колективен договор, за кој во ССМ се подготвува текст за преговори со работодавачите. Покрај овие, на дневен ред во Собранието на РМ е нова измена во т.н. „закон за стечајците“ со кои ќе остварат право на траен надоместок и отпуштените работници од Еурокомпозит Прилеп.

Во своите дискусии членовите на Советот изразија незадоволство од промените во прописите со кои се намалуваат работничките права и побараа од претседателот на ССМ поголема одлучност и јавност во работењето. Незадоволство постои уште од донесувањето на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, кога во голем број случаи не се внесоа целокупните износи на хранарина и превоз во бруто платата, а во договорите за вработување платите се внесоа во бруто износ. Сега, зголемувањето на стапките за придонеси и даноци  ќе се одрази во намалување на нето платата. Без оглед дали се работи за мал износ, тоа е неправедно и не треба да помине незабележано од страна на синдикатот. Слично е и со износите на регрес за годишен одмор, што е особено проблематично во претпријатијата каде нема синдикат. Не смее да се дозволува на таков начин да се доведуваат работниците во нерамноправна положба, а од друга страна тие да не се организираат синдикално поради страв од реваншизам од страна на работодавачот.
Беше изразена спремност да се вложат сите сили заради обединување во рамки на ССМ и беше побарано од претседателот заеднички да се бориме за враќање на угледот на синдикатот во општеството со поголема транспарентност и јавност за синдикалните ставови по сите прашања кои се однесуваат на работничките права. Беше побарано да се работи на ветуваните реформи на Сојузот заради зајакнување на синдикалното движење.
Од своја страна, претседателот на ССМ нагласи дека до сега сите напори биле насочени кон подобрување на Законот за работни односи и остварување подобра позиција за преговорите за Општиот колективен договор, кои претстојат. Наредната година се очекува да биде создадена многу подобра клима и основи за посилно синдикално делување, освојување на поголеми права и привлекување нови членови, што ќе биде проследено и со поголемо присуство  во јавните гласила и медиуми.
Советот донесе одлука да се пристапи кон измени и дополнувања на Статутот на СИЕР, поради што се побара активно учество со предлози од сите синдикални организации.
Советот на СИЕР на сите членови на синдикатот им посакува повеќе успех и лична среќа, подобро здравје и помалку проблеми во Новата 2019 година.

 

 

 

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за