Владата предложи донесување на измени во Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување по скратена постапка. Предлогот е ставен на дневен ред на 66.седница на Собранието на РМ.

Според предложените измени, придонесот за пензиско-инвалидско осигурување ќе се зголеми од 18% на 18,8%, а придонесот за здравствено осигурување ќе се зголеми од 7,3% на 7,5%. Зголемувањето ќе оди постапно,во 2019 и во 2020 година. Според пресметките, за нето плата од 20.000 денари трошокот за придонеси во 2020 година ќе биде поголем за 407 денари.

 

Со оглед на тоа во каква состојба се Фондот за ПИО и Фондот за здравствено осигурување, зголемувањето се прави за делумно ублажување на дефицитите. Не е спорно дека секоја промена е помало зло од евентуалното зголемување на старосната граница за пензионирање, на тоа синдикатот изрично се противи. Меѓутоа, голем проблем е тоа што законот уште во 2009 година го воведе концептот на бруто-плата и од тогаш во најголем број договори за вработување платите се претворија во бруто износи. Тоа практично значи дека зголемувањето на стапките на придонесите ќе ја намли нето-платата доколку претходно не се зголеми бруто износот.

СИЕР беше прв во укажувањата дека овој концепт е против интересите на работниците, стравувајќи токму од вакви промени. Но во моментот на носење на законот, тогашната влада амбициозно предвидуваше намалување на придонесите, па во тој случај договорите во бруто-износ би биле предност. За жал, предвиденото намалување никогаш не се случи (требаше да оди постапно 2009-2011 година), се покажа дека е неодржливо. Сега, кога дојде моментот да се размислува за зголемување на придонесот, не смее да се дозволи тоа да биде исклучиво на товар на работникот.

Според Фондот за ПИО во 2017 година во Македонија имало 575.574 осигуреници (кои плаќаат придонес) и 310.744 пензионери. Соодносот е еден пензионер на 1,85 осигуреници. Комбинирано со висината на платите во земјата од кои се плаќа придонесот, јасно е дека состојбата е неповолна. Тој сооднос на пример пред 30 години изнесувал 1:4, што и според теоријата е одржлив сооднос. 

Македонија е една од ретките земја каде вработените се единствено обврзници за придонесите. Во најголем број земји обврската е поделена: дел од придонесот паѓа на товар на работникот, а дел на товар на работодавачот.

 

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за