Претседателството на СИЕР ја одржа својата 8.седница на 31.10.2018 година. Расправаше за актуелни теми поврзани со процедурите на измени на законската регулатива и за тековни состојби во организациите на Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство.

Како што е познато, пред неколку месеци започнаа процедурите за измена на Законот за работни односи, Законот за пензиско-инвалидското осигурување, беше усогласен износот на минималната плата, а се промени и Законот за материјално обезбедување на работниците од претпријатијата со доминантна државна сопственост. Некои закони (како ЗРО, ЗПИО) одат во редовна процедура, па синдикатите можат да учествуваат во постапката за усогласување, како и во јавната расправа. На тој начин, особено во врска со Законот за работните односи, СИЕР самостојно и во содејство со ССМ имаше свои предлози и забелешки, кои воглавно беа прифатени во текот на усогласувањето на текстот помеѓу социјалните партнери.

 

Меѓутоа, членовите на Претседателството сепак изразија незадоволство од вкупните актуелни состојби и остварувањето на правата од работен однос. Присуството на синдикатите во јавноста е мала, а со тоа и внивната видливост и влијание. Оваа состојба не е во склад со очекувањата, особено по промените во раководството на ССМ. Затоа, членовите на Претседателството побараа да се закаже седница со присуство на претседателот и потпретседателите на Сојузот и да се дебатира за потребите од промена во начинот на делување, поголемо присуство во јавноста и поголема транспарентност во работењето.

Постои незадоволство и од состојбите по промена на Законот за минимална плата. Покачувањето на висината на минималната плата е добра работа, но не и начинот на кој се спроведува законот, со покачување само на платите кои биле под нивото на минималната во фирмите. На тој начин е направена диспропорција во примањата, а во фирмите со пониски примања од просечните, просто се доаѓа до урамниловка, односно сите вработени да примаат само минимална плата. Тоа секако е непожелно и не соодветствува на концептот на Владата за пораст на примањата во државата. Последното усогласување на износот на минималната плата за само 169 денари потврдува дека усвоеното законско решение не може да го обезбеди посакуваниот пораст на примањата, без оглед на објавите на Државниот завод за статистика за движењето на просечната плата во државата.

СИЕР ќе направи длабинска анализа за начинот на спроведување на Законот за минимална плата и ќе понуди свои предлози за подобрување на решенијата.

Претседателството беше запознаено и со текот на постапката за донесување на нов Општ колективен договор за приватниот сектор, која е на самиот почеток, но постигнат е договор за отпочнување преговори со Организацијата на работодавачи на Македонија и ССМ подготвува свој предлог на текст на кој ќе се преговара.

Претседателството ги разгледа состојбите во:

- Фени Индустри, каде стечајната постапка практично е продолжена со одлука на второстепениот суд да го врати планот за реорганизација на повторно одлучување. Со тоа, се пролонгира затворањето на стечајот и прекинување на статусот „стечаен работник“ што е услов за поуспешно преговарање за правата од работен однос. Тоа практично значи и одложување на преговорите за повисока плата за работниците.

- Југохром Алзар, каде изградбата на филтри е во застој, а тоа е единствен предуслов за повторно почнување со работа. Работниците последна надеж полагаат во кредитот што ќе го одобри Македонската банка за поддршка на развојот. Инаку ќе згасне надежта дека овој комбинат воопшто би можел да проработи.

- Еурокомпозит 11.Октомври, каде е спроведена постапка за откажување на договорите од деловни причини (технолошки вишок) за 130 работници, но отказите не се реализираат поради неможност да се исплатат испратнините. Од друга страна, пак, овие работници очекуваат да бидат опфатени со  Законот за материјално обезбедување на работниците од претпријатијата со доминантна државна сопственост, но за таа цел истиот треба повторно да биде променет (без оглед на штотуку усвоената промена во Собранието), а работниците треба веќе да се пријавени за остварување права по основ на невработеност.

Придружи ни се

Капитал Банка


 
        

        


 

 

Поврзани вести од др.медиуми

1TV 16.07.2018

Вработените од ОХИС протестираа за неисплатените 24 плати
----------------------------------------

1TV 03/10/2018

Во ЕУРОКОМПОЗИТ стигна списокот за технолошки вишок, но нема пари за отпремнини

-----------------------------------------

Телма 16.07.2018

Фени излегува од стечај, потврден планот за реорганизација

-------------------------------------------

24 Вести 05.07.2018

Вработените од Еурокомпозит и владата се договорија

---------------------------------------------

Телма 05.07.2018

Еурокомпозит го прекинаа штрајкот

---------------------------------------------

24 Вести  07.05.2018

Продолжуваат препукувањата во "ФЕНИ"

----------------------------------------------

Телема 22.04.2018

Југохром нема да проработи во предвидениот рок

-----------------------------------------------

Телма 14.03.2017

ГСОЛ избран за инвеститор за Фени

------------------------------------------------

Телма 26.02.2017

Фени почна со работа

-------------------------------------------------

Телма 07.02.2018

Доверителите одлучија Фени да се реорганизира

--------------------------------------------------

Телма 02.02.2018

Фени почнува со работа

--------------------------------------------------

24Вести 26.01.2018

Се очекува Фени да стартува со работа од 1 Фебруари

--------------------------------------------------

Телма 26.01.2018

Доверителите на Фени ќе прават увид во побарувањата

--------------------------------------------------

Телма  05.01.2018

Фени даден на оглас

--------------------------------------------------

24 Вести  22.12.2017

Швајцарски Фос Асет менаџмент: Сакаме иднина за