• Обезбедување и унапредување на институционално правните претспоставки за синдикално организирање и дејствување на вработените во дејностите кои ги обединува и на сите вработени во државата преку соработка, заеднички солидарни акции и здружување со другите синдикати.
  • Синдикално организирање на сите вработени во дејностите од индустријата, енергетиката и рударството.
  • Остварување и постојано унапредување на единствено демократско работно и социјално право според стандардите утврдени во конвенциите, директивите и препораките на МОТ и ЕУ.
  • Склучување на колективни договори кои перманенетно ќе обезбедат зголемување на платите, подобрување на условите за работа и заштита при работа, зголемување на вработеноста, хуманизација на работната средина, обликување на работното место по обем и содржина на работите и работните задачи соодветни на човековото достоинство, имајќи ги притоа посебно во предвид младите работници, жените, работниците со намалена работна способност поради возраста или професионално или друго заболување.
  • Остварување на уставното право на управување и учество на работниците во одлучувањето по основ на трудот преку воспоставување на работнички, стопански, социјални и други совети и органи на одлучување и соодлучување според стандардите и европското законодавство.
  • Унапредување на здравствената и социјалната заштита на работниците и остварување на правото на учество во управување со фондовите по основ на вложување на средства преку социјалните придонеси.  
  • Унапредување на безбедноста и здравјето при работа, создавање бенифицирани услови за одмор и опоравување, финансиска поткрепа на членовите на СИЕР според финансиските можности и други мерки на солидарна помош и заштита.
  •  Утврдување и унапредување на право на постојано стручно образование и оспособување и унапредување по основ на стручноста.
  • Пружање на правна помош и заштита на членството за оставарување на поединечните права по основ на трудот пред органите на работодавачите, управните, судските и други органи.
  • Постојано унапредување на синдикалното образование на синдикалните претставници, функционерите и членството преку сопствена образовна политика.
  • Развивање на информативно пропагандна активност од интерес на членството, неговите организации и органи со цел за афирмација на синдикалната политика и акција во јавноста.
  • Организирање на заедничко користење на годишни одмори, спортско рекреативни, културно забавни, образовни и други активности.

Организации на СИЕР

  • СО при МЕТАЛЕЦ, Битола 
  • СО при МАКСТИЛ, Скопје 
  • СО приАРЦЕЛОР МИТТАЛ ЦРМ, Скопје  
  • СО при РЖ УСЛУГИ, Скопје
  • СО при РЖ ТЕХНИЧКА КОНТРОЛА, Скопје
  • СО при РЖ ИНТЕРТРАНСШПЕД, Скопје
  • СО при РЖ ЕКОНОМИКА, Скопје
  • СО при ИНСТИТУТ ЗА РУДАРСТВО, Скопје
  • СО при РЖ ТРОСКА, Скопје
  • СО при ФАКОМ, Скопје
  • СО при Рафинерија ОКТА, Скопје
  • СО при ИНСТИТУТ ЗА ЗАВАРУВАЊЕ ЈУГ, Скопје 
  • СО при МЗТ ВАБТЕК, Скопје
  • СО при САСА, Македонска Каменица
  • СО при Рудник.ДЕМИР ХИСАР, Сопотница, Демир Хисар
  • СО при ФЕНИ Индустри, Кавадраци
  • СО при РК СЕРВИС, Скопје
  • СО при РК КОНТАКТОРИ И РЕЛЕИ, Скопје
  • СО при РК ЗАЕДНИЧКИ ДЕЈНОСТИ, Скопје         
  • СО при ВАТРОСТАЛНА, Скопје 
  • СО при ФЗЦ 11 ОКТОМВРИ, Куманово
  • СО при ЛТХ ЛЕАРНИЦА, Охрид 
  • СО при ЕУРОКОМПОЗИТ-11 Октомври, Прилеп
  • СО при БУЛМАК, Пробиштип
  • СО при ТАБ МАК, Пробиштип 
  • СО при ЈУГОХРОМ АЛЗАР, Јегуновце
  • СО при ИГМ ВРАТНИЦА, Вратница
  • СО при ТЕАЛ, Тетово
  • СО при Производство на топлина БалканЕнерги ДООЕЛ, Скопје
  • СО при ТАЈМИШТЕ, Кичево
  • СО при МРТ, Скопје
  • СО при МАКПЕТРОЛ, Скопје
  • СО при МЕРМЕРЕН КОМБИНАТ, Прилеп
  • СО при ДИРЕКЦИЈА ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНИ РЕЗЕРВИ НА НАФТА И НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ - ДЗРННД Скопје 
  • СО при СИЕР , Скопје 
  • СО при КИ СЕЈФТИ СИСТЕМС, Кичево 

 

Капитал Банка


 
        

        

 

 

 

 

 

Наша Фејзбук Страница

Наш YouTube Канал

Корисни Информации

 

ССМ Мобилна апликација

Престојни настани


08-11.09.2022
Работнички спортски игри на СИЕР, Хотел Десарет, Охрид