На десетата седница на Советот на СИЕР одржана на 18.02.2021 се донесе одлука за свикување на 17-ти Конгрес на СИЕР и одлука за распишување избори во СИЕР 2021.
Бидејќи за нас животот и здравјето на работниците се на прво место, активностите околу организирањето и одржувањето на конгресот ќе се прилагодуваат на пропишаните мерки како интерни од страна на работодавачите така и на пропишаните мерки од страна на Владата за заштита и безбедност во услови на пандемија.
СИЕР НА СИТЕ СВОЈ ЧЛЕНОВИ, ДЕЛОВНИ ПРИЈАТЕЛИ, СОРАБОТНИЦИ И СИТЕ ГРАЃАНИ ИМ ГИ ЧЕСТИТА ПРЕСТОЈНИТЕ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ СО ИСКРЕНИ ЖЕЛБИ ЗА ЗДРАВЈЕ, СРЕЌА РАДОСТ, УСПЕСИ И БЕРИКЕТ ВО НОВАТА 2021 ГОДИНА И СИТЕ ЖЕЛБИ ДА БИДАТ СТВАРНОСТ.
Бившите и сегашните работници од Еурокомпозит 11 Октомври од Прилеп заедно со претседателот на СИЕР Игор Ѓерасов вчера 16.12.2020 год. протестираа пред Собранието и Владата на РСМ.
Во пресрет на празникот на рударите 28 Август би сакале да потсетиме дека здравјето и животот на човекот се највреното нешто и дека најмалото невнимание и неоговорноста може да бидат скапо платени.
Затоа упатуваме јавен апел до сите рудари и работодавачи, почитувајте ги законите, правилата за подобра безбедност и заштита при работа. Едуцирањето на претставниците по БЗР е една алка кон навремено превземање на мерки за подобрување на безбедноста во рудниците со цел да се елиминираат несреќите кои би имале последици по здравјето и животот на рударите.
СИЕР на сите рудари им го честита 28 Август денот на рударите, воедно на сите свои членови, деловни соработници, и на сите граѓани им го честита големиот празник Успение на Пресвета Богородица со желба за многу здравје среќа и успеси во работата и животот.
Синдикатот на индустрија, енергетика и рударство на Македонија-СИЕР, во почетокот на 2020 год. склучи Договор (76306W) за заеднички проект со Olof Palme International Center од Шведска. Називот на проектот е Повеќе активности=посилен синдикат.
Поради ситуацијата со пандемијата предизвикана од КОВИД 19, во која се најде целиот свет, проектот почна да се спроведува минатиот месец со одржување на два семинара во хотел Десарет, Охрид, посветени на превземање на мерки за заштита и справување со КОВИД 19, согласно препораките на Владата и правилата на Законот по БЗР. Семинарите се одржаа во соработка со Меѓународното здружение за заштита при работа од Скопје.